„Стратегија за излез на БиХ“: САД размислуваа да дозволат отцепување на Република Српска

t

Соединетите држави сериозно размислувааа да и дозволат на Република Српска референдум за отцепување две до три години по Дејтонскиот мировен договор и да понудат создавање конфедерација на Српска со поранешна Југославија за да се обезбеди крај на војната во БиХ пред 1996 година и избори во САД.

Според Срна, ова е наведено во документ од 20 јули 1995 година, кој Сенди Бергер, советник за национална безбедност на тогашниот американски претседател Бил Клинтон, го испратил до државниот секретар Медлин Олбрајт и други највисоки функционери на администрацијата на Клинтон за предлозите како да се стави крај на конфликтот.

Во документот со наслов „Стратегија за излез на БиХ“, кој пред два дена го спомена српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, се наведени две можни сценарија за крај на војната.

Првото сценарио се однесува на брзиот крај на конфликтот и мировниот договор до крајот на 1995 година, а второто предвидува можност за продолжување на војната во 1996 година, доколку конфликтните страни не се согласат на договор во 1995 година.

Во документот Бергер предупредува дека е подобро САД да го прекинат конфликтот пред американските претседателски избори во 1996 година.

„Подобро е оваа година да се соочиме со овие прашања отколку да се занимаваме со операцијата за повлекување на НАТО за време на изборната кампања, бидејќи партиите ќе имаат посилна потреба или да се обидат да не посрамотат или да не вовлечат во конфликт. Треба веднаш да започнеме консултации со нашите сојузници за нашата стратегија по повлекувањето“, напиша Бергер.

Бергер јасно предупреди дека е подобро Америка да ја прекине војната во 1995 година, но дека е свесен дека тоа не и одговара на српската страна бидејќи таа сепак е воено посилна од бошњачко-хрватските сили, па во девет точки тој предложи како администрацијата треба да им понуди на Србите сериозни отстапки.

Доколку Србите не се согласат на поделба на 49:51 отсто, Бергер предвиде можност Бошњаците да прифатат помалку од 51 отсто во замена за нешто поквалитетна територија.

Четвртата точка е понудата на Србите за голема автономија на српските територии и опсежни посебни и паралелни врски со Србија.

„Доколку е потребно, треба да извршиме притисок врз Бошњаците да им дозволат на Србите да одржат референдум по две до три години, како што се договоривме во пакетот од 1993 година. „Нашиот аргумент би бил дека ако Бошњаците не можат да го убедат српското население дека нивната иднина е во реинтеграција, нема смисла да се блокира мирното одвојување врз основа на чехословачкиот модел“, се вели во документот, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…

Хорор: Маж ги убил сопругата и трите…

Пет мртви тела, меѓу кои и три…

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за…

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека…

Американскиот конгрес одобри 60,8 милијарди долари помош…

Американскиот конгрес одобри 60,8 милијарди долари помош…

Американски милијардер: Украина ќе доживее крах –…

Американскиот милијардер Дејвид Сакс, по усвојувањето во…