Страшна железничка несреќа во Холандија: Едно лице загина, околу 30 се повредени
Едно лице загина, а околу 30 се повредени кога патнички воз излета од шините во Холандија. Првичните информации беа за неколку тешко повредени. На поголем дел од повредените им била укажана помош на лице место. Неколку лица кои се во сериозна состојба се хоспитализирани.
Патничк воз удрил во градежна опрема на шините меѓу Хаг и Лајден во провинцијата Јужна Холандија. Првиот вагон излетал од шините, вториот се превртел на едната страна, а третиот се запалил. Пожарот сега е изгаснат.
Во возот патувале околу 50 луѓе.
Засега не е јасно како градежната опрема завршила на шините кај селото Воршотен. Првично беше соопштено дека патничкиот воз се судрил со товарен воз. Железничкиот сообраќај меѓу Лајден и делови од Хаг е прекинат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозија во пристаништето во Ротердам: едно лице…
Едно лице загина, а неколку други се…
Македонец бил удрен од автомобил во Холандија,…
На патот Масвлакте, Ротердам, 31-годишен маж од…
Крузерот „Хондиус“ на кој избувна епидемијата на…
Крузерот „Хондиус“, на кој избувна епидемијата на…
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…