Објавено на:

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Носач на багаж загинал откако бил вшмукан во авионскиот мотор

t

Во неверојатна и страшна несреќа која се случила на Нова година, на аеродромот Монтгомери во Алабама загинал управувач со багаж, пишува Daily Mail.

Имено, несреќниот маж наводно бил вшмукан од моторот на авионот.

Властите велат дека сè уште неидентификуваниот вработен работел на рампата на регионалниот аеродром во Монтгомери околу 15 часот во саботата, кога наводно бил вшмукан од запален мотор на лет на Енвој Ер паркиран пред закажаниот лет за Далас, Тексас.

Жртвата сè уште не е именувана, но соопштено е дека тој бил вработен во Пиемонт ерлајнс. И Енвој и Пиемонт се регионални филијали на Американ Ерлајнс.

Регионалниот аеродром Монтгомери беше затворен веднаш по инцидентот, но продолжи со работа во саботата доцна навечер, според Монтгомери адвертајзер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…

Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…