Страшна снимка од експлозијата во Фиренца: Најмалку едно лице загина, повеќемина се повредени

t

Најмалку едно лице загина, а пет се здобија со тешки изгореници во експлозија што се случи денеска во рафинеријата на енергетската компанија Ени во градот Каленцано, во близина на Фиренца, соопштија тосканските власти.


Противпожарните, медицинските и полициските служби се на терен, блискиот автопат е затворен, додека железничкиот сообраќај е во прекин, јавува Фато Кутидијано.
Болницата Кареџо во Фиренца активираше протокол за ситуации во кои се очекува голем прилив на повредени лица.

Експлозијата се случила во делот на рафинеријата каде што резервоарите се полнат со гориво, но резервоарите не биле зафатени од пламен.
„Истрагата е во тек. Апелираме до населението да не се приближува до погодената област“, ​​објави општина Каленцано на социјалните мрежи.
Поради високиот интензитет експлозијата се почувствувала и на околните места, а искршени се стаклата на околните згради.
Причината за експлозијата се уште не е позната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експлозија на гас во зграда во Италија:…

Три лица денеска загинаа, а две се…

(Видео) Поморски дрон експлодира во пристаниште во…

Експлозијата се случи на пристаништето 78. Пристапот…

(Видео) Ужасна експлозија во фабрика во Вашингтон:…

Експлозијата на опасни супстанции во фабрика за…

Експлозија во куќа во охридско Велгошти, повредена…

По разорна експлозија во куќа во охридското…

Уапсени се сопственикот и двајца раководители по…

Полицијата во Трикала во вторникот ги уапси…