Страшна сообраќајна несреќа во Турција: Двајца загинаа, 16 лица се повредени
Две лица загинаа, а 16 се повредени во автобуска несреќа во северна Турција, јави ТРТ Хабер.
„Во Кастамону директно се судриле автомобил кој се движел од Истанбул кон Самсун и патнички автобус кој се движел кон другата лента. Како последица на несреќата, возачот на автомобилот Хусеин Етчи и сопатничката Мираи Сане Етчи загинале, а има повредени лица кои биле во автобусот“, објави ТВ каналот.
Повредените се хоспитализирани од 12 екипи на брза помош кои пристигнале на местото на настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…