Студентите во Нови Сад биле нападнати со безбол палки, неофицијално едно девојче е тешко повредено
Неколку студенти биле нападнати синоќа во раните утрински часови на Филозофскиот факултет во блокадата во Нови Сад.
Неофицијално едно девојче е тешко повредено и се наоѓа во Клиничкиот центар во Војводина.
Во изјавата на социјалната мрежа Инстаграм, студентите изјавија дека четворица мажи со бејзбол палки бркале група студенти кои ставале налепници и цртале шаблони низ Нови Сад.
Основното јавно обвинителство во Нови Сад се огласи по двата синоќешни инциденти во кои студенти беа нападнати на Филозофскиот факултет.
Во врска со двата настани од синоќа законските квалификации се насилничко однесувањеспоред член 344 ст.2 од Кривичниот законик, соопшти Основното јавно обвинителство, кое издаде наредба за преземање на сите мерки и дејствија, обезбедување на снимките од видео надзорот и да се извршат разговори со оштетените и со сите очевидци.
Се огласи и Милан Ѓуриќ, градоначалникот на Нови Сад, кој најостро го осуди инцидентот во кој, како што велат на Филозофскиот факултет, беа повредени неколку студенти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…
Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…
Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…
52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…