Студентите останаа без ветеното покачување на студентскиот оброк

t

Собранието на денешната седница не го усвои предлогот по скратена постапка да се носи предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк.

Со овој предлог, пратениците бараат износот на субвенција за студентскиот оброк да се зголеми од 120 на 160 денари.

Собранието на денешната седница ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат неколку закони предложени од Владата, меѓу кои законите за извршување на буџетот за 2023 и предлог-законот за дополнување на законот за концесии и јавно-приватно партнерство и ги задолжи матичните комисии да расправаат по предлозите.

На седницата, Собранието усвои по скратена постапка да се носат и предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Финансискиот договор за заем на Развојната банка на Македонија АД Скопје за мали и средни претпријатија, средно пазарно капитализирани претпријатија и зелена транзиција, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Македонија АД Скопје, предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход, на Законот за данокот на добивка, на Законот за данокот на додадена вредност, и предлог-законот за дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синдикатот на полицијата до власта: Кркајте вие…

Денеска од Синдикат на Полиција во Македонија…

Криза во Германија: Германците се откажуваат од…

Поради се повисоките цени 16 отсто од…