Судан: Борци во граѓанската војна силуваат 7-годишни девојчиња
Суданските паравоени сили и нивните сојузници силуваат жени, но и девојчиња на возраст од 7 години и ги држат во сексуално ропство за време на граѓанската војна во земјата, се вели во извештајот на Human Rights Watch (HRW), објавија голем дел од светските медиуми.
Наодите, кои се базираат на опширни интервју, доаѓаат 20 месеци по бруталниот конфликт во третата по големина земја во Африка. Десетици илјади луѓе биле убиени, а милиони други биле раселени.
Во извештајот на HRW се вели дека РБГ – паравоените сили кои се борат против суданската армија – извршуваат широко распространети сексуални злосторства.
Ова се совпаѓа со заклучоците донесени во октомври од страна на Независната меѓународна мисија за утврдување на фактите на ОН за Судан, која ги обвини РБГ за извршување на сексуално насилство од големи размери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…
Американската влада проценува дека заканата од ирански…
Следува променливо облачно и потопло време, од…
Следува период на променливо облачно време со…
Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…
Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…
Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…
По налог на Вишото јавно обвинителство во…
САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…