Судбината на Израел и Палестина ќе се решава во Москва?!
По вчерашниот напад на Израел, Русија изрази сериозна загриженост, повикувајќи ги и палестинската и израелската страна да престанат со насилството.
Шефот на Арапската лига, Ахмед Абул Геит денеска отпатува за Москва, каде со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе разговара за ситуацијата во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група Хамас изврши напад врз Израел.
Геит, кој беше министер за надворешни работи на Египет за време на владеењето на Хосни Мубарак, ќе разговара за „тековната ескалација во Појасот Газа“, изјави портпаролот на Арапската лига, пренесе Ројтерс.
Москва соопшти дека се неопходни соодветни преговори за да се обезбеди создавање на независна палестинска држава во границите од 1967 година, со главен град источен Ерусалим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…