Судиите во Англија и Велс денеска стапија во штрајк
Адвокатите ширум Англија и Велс, кои се специјализирани за кривични спорови, денеска стапија во штрајк откако ги напуштија судењата, поради долг спор со државата за платите, јавува Би-Би-Си.
Лондонските адвокати објавија дека осум од десетте постапки во Централниот кривичен суд на Англија и Велс во Лондон се прекинати поради штрајкот.
Британскиот министер Доминик Раб изјави дека штрајкот ќе ја „наруши правдата“, бидејќи веќе има 58.000 нерешени случаи во судовите.
Адвокатите го отфрлија предлогот за зголемување на платите за 15 отсто и најавија натамошни дејствија во следните четири недели.
Зголемувањето на платите да биде најмалку 25 отсто побара Здружението на адвокатски комори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Два инциденти за помалку од 24 часа:…
Според фотографиите од местото на настанот, возот…
(Видео) Вонредна состојба во источна Англија поради…
Властите во источна Англија прогласија вонредна состојба…
Мухамeд 3-та година по ред е најчесто…
Мухамeд трета година по ред е најчестото…
13 – годишно девојче уапсено за убиство…
Тринаесетгодишна девојка е уапсена под сомнение за…
Македонија со катастрофален пораз ги заврши квалификациите…
Македонската репрезентација со убедлив пораз од Кардиф…