Судијата Иван Џолев нов претседател на Здружението на судиите

t

Актуелниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, судијата Иван Џолев денеска е избран за претседател на Здружението на судиите на Република Македонија.

„Денеска на редовно изборно Собрание во присуство на делегати од судски подружници, Здружението на судиите на Република Македонија го избра судијата Иван Џолев за нов претседател,“ соопшти попладнево Здружението на судиите.

Џолев доаѓа на местото на досегашниот претседател на Здружението на судиите, судијата Џемали Саити.

Мандатот на претседателот на Здружението на судиите е четири години.

На денешната седница, како што е наведено во соопштението, биле избрани и членовите на новиот Управен и Надзорен одбор на Здружението на судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лога: Олигарси ги контролираат обвинителите и судиите

Министерот за правда Кренар Лога вечерва во…

ЕХФ: Нема докази дека судиите местеле натпревари

Европската ракометна федерација денес преку соопштение со…

Чисти како солза – Дамева: Досега нема…

Судскиот совет има механизми да се бори…

Македонците го креваат гласот за правда! Македонско…

Здружението „Македонски клуб за етничка толеранција“, кое…

Судовите не смеат да ја кријат својата…

Судовите не смеат да ја кријат својата…