Судот ја одби жалбата – Мухамед Зекири останува во притвор

t

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, кој е обвинет за финансиски малверзации и злоупотреба на службената положба и овластување според член 353 од КЗ на РМ, останува во притвор, одлучи Судот.

Кривичниот суд соопшти дека по денешната јавна седница по жалбата во присуство на странките, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција го потврди решението на претходна постапка со измени во основите кои постојат за определување на мерката притвор

„Односно, советот го преиначи решението на претходна постапка на начин што ја укина точна 3 од чл. 165 ст.1, односно можност обвинетиот да го повтори делото“,се вели во соопштението.

Зекири е обвинет дека во периодот од април 2021 до јануари 2022, со искористување на својата службена положба генерален секретар на Владата, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор во четири очи за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале други двајца осомничени, хрватски државјани. Со преземените дејствија, осомничените за консултантската куќа од Хрватска прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 940.000 евра на штета на Буџетот на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара притвор за 31 годишникот кој…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Побаран притвор за 19 годишникот од село…

Обвинителството соопшти дека наредило обдукција на телото…

Ја влечел, па ја удирал со шлаканици,…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и…

Шестмина во притвор, четворица во куќен притвор…

Шест лица одат во притвор, осомничени за…

Го киднапирале, па му рекле дека ќе…

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за…