Суд го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор
Федерален судија и даде зелено светло на администрацијата на Трамп да продолжи со нејзиниот план за отпуштање на илјадници работници на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), вклучително и стотици стационирани во странство.
Во пресудата издадена во петокот, американскиот окружен судија Карл Николс стави крај на стопирањето на планот од пред две недлеи.
Николс рече дека првичните тврдења дека отповикувањето би можело да ги доведе во физичка опасност персоналот на УСАИД и нивните семејства или да го прекине медицинскиот третман, се покажале како „претерани“ по деталното испитување.
Судијата со седиште во Вашингтон рече дека не е јасно дека „потенцијалните ефекти“ врз вработените и луѓето кои зависат од активностите на хуманитарната агенција ја надминуваат штетата предизвикана од нарушувањето на напорите на администрацијата да ја усогласи странската помош со надворешната политика на Трамп.
„Владата даде различни аргументи дека дејствијата оспорени во овој случај се суштински за нејзините цели на политиката“, рече Николс.
Двата сојузни синдикати кои ја поднесоа тужбата и Оксфам, меѓународната хуманитарна организација која им се придружи, би можеле да поднесат жалба до Окружниот Апелационен суд на САД за да се обидат повторно да го блокираат планот на Трамп за вработените во УСАИД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…