Суспектниот на мајмунски сипаници е мигрант од Сирија
Млад мигрант од Сирија од вчера е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести бидејќи е суспектен на мајмунските сипаници. Во изјава за Фактор, д-р Коста Капсаров вели дека тој е во добра општа состојба и дека е задржан за подетални испитувања и се очекуваат резултатите од тестот кои би потврдиле евентуална зараза со овој вид сипаници.
-Пациентот е донесен во Клиниката за инфективни болести од Кавадарци со возило на Итната медицинска помош. Бил болен 9 дена, суспектен е на сипаниците бидејќи има осип на кожата. Станува збор за млад човек, мигрант од Сирија кој на нашата клиника е задржан за да се направат сите потребни иследувања. Напрацаен е и тест за мајмунски сипаници и ги очекуваме резултатите, вели за Фактор д-р Капсаров од Клиниката за инфективни болести.
Инаку, ова е втор суспектен случај на мајмунски сипаници во Македонија. Првиот е 43 годишен човек од Кичево, за кој се уште нема информации во врска со анализите и евентуално дали има конкретен резултат кој би потврдил евентуална зарзаза со овие сипаници.
Извор: Фактор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Темелно исчистен подвозникот кај поранешната стоковна…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна…
Руте утре ќе ја посети Полска, на…
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте утре…
Вучиќ: Се плашам за иднината на Србија,…
Шефот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…
Ќе се ограничат ли маржите на основните…
Владата размислува за ограничување на маржите на…
МВР со кривична пријава против двајца полицајци…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…