Сѐ уште е активен еден крак од пожарот кај Ајватовци

t

Пожарот кај Ајватовци сѐ уште е активен на еден крак (под репетиторите). Останатите делови се изгаснати, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.


-Екипи на скопската БППЗ работат на гаснење на активниот крак и обиколка и проверка на изгаснатите делови од пожарот.
Пожарот се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локалното население предводени од градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски.
Очекувам да биде целосно изгаснат во следните неколку часа. Засега нема потреба од воздухоплови.
Голема благодарност до храбрите скопски пожарникари, храбрите доброволци од локалното население кои дадоа голем придонес во гаснењето на овој голем пожар како и благодарност до храбрите пилоти на полициските хеликоптери и Ер тракторот на ДЗС. – вели Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар зад Универзална сала

Пожар избувна предмалку во куќа на улицата…

Изгоре угостителски објект на државниот правобранител Речи…

Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект…

(Фото) Голем пожар над Кондово!

Голем пожар гори над Кондово. Пожарот е…

Пожар во Нови Сад: Пожарникарите се борат…

Попладнево на улицата „Фрушкогорска“ во Нови Сад…

(Видео) Огромни огнени пламени голтнаа цел трговски…

Голем пожар избувна во трговскиот центар Арши…