Тага, жал и неверување – Почина Тони Димитровски
Тага, жал и неверување. Веста која ја потресе државата, особено градот Штип. Животот го загуби Тони Димитровски или на многумина познат како Папата.
На 51-годишна возраст утрово во Штип почина бизнисменот Тони Димитровски-Папата, сопственик на компанијата Хамачи, објави локалната телевизија Стар.
Повеќе од три децении, Димитровски го градеше бизнисот на повеќе полиња и за целиот период бележеше огромни резултати, велат неговите сограѓани.
Спаѓа во редот на најголемите бизнисмени не само во Штип, туку и пошироко, давајќи пример како еден млад човек тргнувајќи од ништо може да создаде голема лична и професионална сатисфакција, пренесува ТВ Стар.
Димитровски освен како успешен бизнисмен, беше познат и како сопственик на компанија која покажуваше голема општествена одговорност, а тој самиот беше донатор во многу хуманитарни акции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…
Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…
Египет стави исламско здружение од Македонија на…
Македонско исламско здружение се најде на списокот…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…