Објавено на:

Така е кога зборува против Путин: Навални префрлен на непозната локација

t

Затворениот критичар на Кремљ Алексеј Навални е префрлен од својата затворска ќелија и преместен на непозната локација, изјави во вторникот врвен помошник, пренесува Ројтерс.

„Каде е сега Алексеј и во која ќелија е одведен, не знаеме“, рече Леонид Волков, шеф на кабинетот на Навални, во изјава за апликацијата Телеграм.

Навални претходно изјави дека против него е покренато ново обвинение и дека му се закануваат дополнителни 15 години затвор.

„Што знам? Можеби Путин не ме мрази, можеби потајно ме обожава. Затоа сака да бидам скриен во подземен бункер и да ме чуваат доверливи луѓе – исто како него“, напиша Навални на Твитер.

Тој исто така ги критикуваше Гугл и Мета поради прекин на рекламирањето, чекор за кој рече дека ја поткопува опозицијата и затоа претставува „подарок за претседателот Владимир Путин“.

Навални е најгласниот критичар на Путин, а неговото минато го потврдува тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навални се пренесува во друг затвор

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е префрлен…

Навални: Ми се закануваат уште 15 години…

Рускиот опозиционер Алексеј Навални изјави дека против…