„Такер Карлсон беше во право“: Уште во мај пишуваше за можен атентат на Трамп
Предупредувањето на новинарот Такер Карлсон за можен обид за атентат врз поранешниот американски претседател се покажа како точно, изјави американскиот милијардер Дејвид Сакс на социјалната мрежа Х.
„Такер беше во право“, нагласи тој.
На крајот на мај, Карлсон на социјалната мрежа Х напиша дека Доналд Трамп би можел да победи на претседателските избори во ноември, освен ако не биде убиен пред тоа.

Трамп го прекина јавниот настап во Пенсилванија во саботата поради пукање. На снимката се гледа како политичарот e опколен од обезбедувањето по обидот за атентат врз него. Трамп подоцна изјави дека бил застрелан во уво и изгубил многу крв.
Американската тајна служба соопшти дека убила осомничен кој испукал неколку истрели кон бината. Во престрелката загина еден гледач, а двајца се тешко повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…