„Тактичката пауза“ на израелската армија е неприфатлива за Нетанјаху
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска ја критикуваше „тактичката пауза“ во офанзивата во јужниот дел на Појасот Газа, што ја најави израелската армија за да овозможи достава на поголемо количество хуманитарна помош.
Израелската армија најави дневна пауза од осум до 19 часот по локално време во областа од преминот Керем Шалон до патот Салах ал-Дин.
Неименуван израелски претставник изјави дека за Нетанјаху хуманитарната пауза е неприфатлива.
И министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир ја осуди идејата за „тактичка пауза“, истакнувајќи оти тој што одлучил е будала кој треба да остане без работа.
Израелската армија соопшти дека покрај „тактичката пауза“ ќе ја продолжи операцијата во Рафа, актуелното жариште на судирот во Појасот Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Македонија е на иста маса со…
Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…
Дете претепано во тоалет од основно училиште
На 18.11.2026 во 23:10 часот во СВР…
Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со…
Инстант лозот „Фрути“, на Државна лотарија, на…
Погодени холандската и австриската амбасада во Киев:…
Руските напади врз украинската престолнина Киев предизвикаа…
ЕЦБ предупредува: Задолжувањето за вештачка интелигенција потсетува…
Европската централна банка предупреди дека брзиот раст…