Талибанците тврдат дека речиси 10 отсто од Авганистанците се зависници од дpoга
Во моментов во Авганистан има околу 3,5 милиони или девет отсто зависници од дрога, изјави заменик-министерот за здравство на талибанците, Абдул Бари Омар.
– Три ипол милиони луѓе во земјата се зависници. Секој од нив користи дрога вредна три американски долари дневно, изјави Омар гостувајќи на локална телевизија.
Според Обединетите нации, делот од земјоделското земјиште во Авганистан што се користи за нелегално одгледување опиум во 2020 година е зголемен за 37 отсто во споредба со 2019 година.
Производството на опиум сочинува од шест до 11 отсто од БДП на земјата.
За време на претходното владеење на талибанците од 1996 до 2001 година, производството и продажбата на дрога беа главниот извор на финансирање на нивната влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени неколку видови на дрога: Четири лица…
Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се…
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
(Видео) Откриен тунел за трговија со дрога…
На границата меѓу американската држава Калифорнија и…
Тројца мртви во американски напад врз брод…
Американската војска повторно бомбардираше брод за кој…
Во автомобилот му наше бела грутчеста материја,…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…