Тамара Јованов: Ги научивме младите да НЕ учат!

t

Ги научивме младите да НЕ учат!

Ги оставивме да НЕ разберат зошто треба да учат, дури и кога материјата не е интересна и применлива на прва.

Сега, тие се задоволуваат со идејата за совладување 2-3 вештини, од потесна област, со фокус на брзо вработување.
Ги сведовме на ниво на делчиња во запчаник, наместо да ги учиме како да бидат креатори на системот, кој го инкорпорира запчаникот.

Задоволни се кога наместо книга, ќе добијат скрипта од 100тина страници.
Не бараат повеќе.
Не сакаат повеќе.
Уште подобро, ако се неколку алатки за учење, објаснети со видео.
Ич да не мора да се чита?!

Ок, ајде да речеме дека ни фалат делчиња во запчаникот.
Ама ако тераме натаму, кој ќе ја гледа големата слика?
Кој ќе ја создава визијата за идното општество, подобро од сегашното?
Кој ќе ги решава суштинските проблеми, од кои зависи и постоењето на запчаникот, па и неговите делчиња?
Учењето не е задолжително игра, не е секогаш забавно, може, но не мора да биде.
Учењето е стратешки ресурс, кој бара дисциплина, свесна посветеност, намера, истрајност, внатрешна мотивација, време и труд!

Учењето подразбира мислење, а за да можеш да мислиш, треба пред се’ читање, книги, цели, заедно со помалку интересните делови, од најразлични области.

Прво читање, потоа другите методи!

Инста постери, едноминутни видевца, скриптички и сет од алатки, не се доволни за мислечки индивидуи – идни градители на општества!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Русија го остави Киев без струја,…

Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…

Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…

Имаше 69 години, а веста за неговата…

(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…

Пожар избувна во висока станбена зграда во…

Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…

ЗНАМ не отстапува од својот став околу…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…