Тамара Јованов: Да бевме деца, уцените на ЕУ ќе ги наречевме булинг

t

Став на Тамара Јованов – Апасиева – Професорката на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – во Штип, по однос на најавувањето на нови уцени од страна на Бугарија и ЕУ кон Македонија и вршењето на притисок за уставни измени од страна на ЕУ дипломатите
Да беа ЕУ и Македонија деца, уцената на ЕУ ќе ја наречевме булинг, малтретирање. Ќе алармиравме јавност, медиуми, психолози, педагози, ќе вриштевме дека не смее да се случува; дека мора да запре! Како ја нарекуваме сега? Реал политик?! Реал (реална) политика е само фенси назив за оправдување на насилието на посилниот.

И некако, голем дел од луѓето го прифаќаат ко нормално? Ко неизбежно? Доста е! Не е нормално! Не е неизбежно, напротив, само е прифатено и дозволено! Насилието, без оглед кој го прави – деца, возрасни или нации, треба да запре!

Пс. ЕУ има класична тврда позиција на преговарање (со притисок и уцени), а нашите власти – класична мека позиција на преговарање (прифаќање притисок и отстапување пред уцени). Меката позиција СЕКОГАШ губи пред тврдата.

Додека не се најде на власт некој кој умее мудро да преговара (со заштитување на нашите интереси и умешност да издејствува различни предлог решенија за прашањава), темиве треба да се стават на пауза!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев повторно се пожали дека „проблемите на…

„Европа мора да учествува во преговорите за…

Приведен маж од Кичево, возел автомобил без…

На 11.11.2026 во 21:30 часот на ул.„Магистрален…

Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…

Извршниот одбор на Народната банка на Србија…

Затвор за лажни вести што ќе го…

Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…