Таравари: До крајот на годинава ќе се вработат 300 приватни специјализанти, следната уште 300

t

Министерот за здравство, Арбен Таравари соопшти дека на денешната владина седница е донесена одлука за вработување на 300 приватни специјализанти до крајот на годинава.

-Уште едно реализирано ветување. До крајот на годинава ќе се вработат 300, а идната година плус 300 приватни специјализанти. Денеска по предлог на Министерството за здравство, на владина седница ја разгледавме и ја усвоивме информацијата за вработување приватни специјализанти од областа на здравството, неопходни за јавните здравствени институции во РМ за 2024 година, напиша на социјалните мрежи Таравари.

Со оваа одлука, како што посочува Таравари, Министерството за финансии се задолжува до декември 2024 година да обезбеди дополнителни финансиски средства во износ од 38.000.000 денари за вработување на 300 приватни специјализанти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…

Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…

Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…

Во рамките на апелот на Црвениот крст…