Таравари: Пет пациенти одат дома, двајца се враќаат од Литванија и од Шведска, четворица се критични
Од вкупно хоспитализираните 21 пациент во Скопје по несреќата во Кочани, денеска ќе бидат пуштени пет. Четири пациенти се критични, кај двајца повторно е влошена состојбата. Се уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и животно загрижувачка состојба, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.
Како што рече Таравари на прес-конференција, надвор од државата се 89 пациенти, но двајца се враќаат од Литванија и Шведска. Тие најпрво ќе бидат примени и прегледани во домашните болници од каде биле и испретени, според протоколот ќе бидат задржани 24 часа, а потоа ќе бидат пуштени дома.
За утре нема најава за враќање на други пациенти од странство, но во понеделник, истакна министерот, сигурно ќе се вратат пет.
-Од хоспитализираните, шест се во Клинички центар, шест во Градската болница и пет во ГОБ „8 Септември”, додека четворица се во приватните клиники. Денеска има пет исписи на пациенти кои се во подобра состојба и одат на домашно лекување по што ќе останат вкупно 16 – информира Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…