Објавено на:

Таткото на монструмот од Градачац: Да го затвореа навреме немаше ова да се случи, ама никој не реагираше!

t

Фикрет Сулејмановиќ, очајниот татко на масовниот убиец од Градачац, откри дека се срами од својот син, кој со убиството на тројца луѓе го зацрни цел Градачац.

Тој дал изјава за порталот „Република“.

„Мајка му почина пред неколку години, живееше со него. МВР го познаваше најдобро, да го затвореа навреме, да ја тргнеа Низама, да направеа нешто во тој случај… но видовте дека никој не се занимаваше со тоа, па дочекавме да експлодира и да го направи тоа што го направи“, вели таткото на Нермин, Фикрет.

„Решив еден ден да ги видам, па ја наведнав главата и отидов кај нив. Ги видов Низама и бебето пет минути. Бев среќен. Имаше дете, мислев дека ќе се подобри, дека ќе се поправи, дека ќе биде се подобар и подобар поради бебето. Сепак, тој остана ист“, раскажува разочараниот татко.

Вели дека од болка не може ни да помисли на масакрот, пренесува „Република“.

„Само пијам апчиња и гледам во таванот и замислувам дека не знам ништо. Би сакал се да преспијам, еден месец и да се разбудам. Толку ми е лошо, не знам веќе што зборувам“, рекол неутешниот Фикрет.

Потсетуваме, Нермин Сулејмановиќ, кој изврши тројно убиство, почнувајќи од невенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ, веќе бил пријавен во полиција за семејно насилство.

Ја убил сопругата пред викендицата во Шибовац, недалеку од Градачац, додека нивната ќерка лежела во локва крв и плачела. Потоа ги убил таткото и синот Џингис и Денис Ондер и тешко ја ранил сопругата, односно мајка Хариса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Осуден за “Монструм” се појави на телевизија:…

Фејзи Азири еден од осудените во случајот „Монструм“,…

БРУКА! Ковачевски и СДСМ ќе поднесуваат амандмани…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од собраниската говорница…

Врховен ги потврди доживотните затворски казни за…

Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот…