Објавено на:

Тежок период за германската економија: Остар пад во март

t

Германскиот Завод за статистика (Дестатис) денеска објави дека индустриско производство во март бележи остар пад, пред сè во автомобилскиот и градежниот сектор.

Во март производството е намалено за 3,4 отсто во споредба со февруари, кога според ревидираните податоци е зголемено за 2,1 проценти.

Според „Дестатис“, производството на моторни возила и автоделови е намалено за 6,5 отсто, а производството на машини и опрема за 3,4 проценти.

Додека во градежништвото е забележан пад од 4,6 отсто.

Во првите три месеци од оваа година производството било за 2,5 отсто поголемо во споредба со последниот квартал од 2022 година, наведува германскиот Заводот за статистика.

Податоците за новите нарачки во март сигнализираат дека индустријата се соочува со тежок период, судејќи според падот на побарувачката од 10,7 проценти во март во споредба со претходниот месец, најголем од пандемијата во 2020 година.

Во автомобилскиот сектор новите нарачки се намалени во март за 12,2 отсто во однос на февруари, а во секторот за производство на машини за 5,9 проценти.

„Германското производство сè повеќе ги чувствува последиците од растот на каматните стапки во светот, кои сè повеќе ја забавуваат економијата“, изјави економистот во „Комерцбанк“ (Commerzbank), Ралф Солвен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари

Вредноста на синдикалната кошница за август 2026…

(Видео) Страшно невреме во Германија: торнадо корнеше…

Силно невреме вчера зафати делови од Германија…

Европа ги зголемува армиите: Германија достигна највисок…

Германија значително го зголемува бројот на припадници…

„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…

Во разговор зад затворени врати со висок…

Компаниите од DAX индексот објавија рекордна добивка,…

Четириесет од германските компании кои го сочинуваат…