Телефонски разговор Османи-Лавров: Македонскиот министер повикал на итен прекин на агресијата

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на Претседавач со ОБСЕ, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.

На разговорот, министерот Османи се осврна на предизвиците во регионот на ОБСЕ и ја повтори приврзаноста на Претседавањето на Македонија кон почитување на темелните принципи и заложби на ОБСЕ.

Во тој контекст, уште еднаш ја потенцираше неопходноста од прекин на агресијата, повлекување на руските воени сили од Украина и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Во продолжение, министрите Османи и Лавров разменија мислења за најактуелни прашања поврзани со функционирањето на ОБСЕ, соопштија од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…