Тен Хаг: Онана е втор најдобар голман во Премиерлигата!
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг застана во одбрана на голманот Андре Онана кој доби нова лавина од критики по киксовите во Истанбул против Галатасарај.
Андре Онана направи повеќе киксови откако е дојден во Манчестер јунајтед, си создаде репутација на несигурен голман, но Тен Хаг вели дека не е така.
„Онана е силен карактер и ќе се справи со тоа. Севкупно во првите пет месеци тој е добар“, вели Тен Хаг.
„Ако анализирате добро ќе видите дека тој е вториот најдобар голман во Премиерлигата според статистиката, според одбрани на очекувани голови тој е на второто место во лигата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Уплати 10.000 денари, бара син ти во…
Жена од Гостивар била измамена од непознат…
Таткото на Меган Маркл е пуштен во…
Томас Маркл постариот синоќа се појави пред…
Поранешниот претседател на МАНУ Коцарев вели дека…
Претседателството на Македонската академија на науките и…
„Максим е патриот на батерии од Кина“…
Алијансата на Албанците реагира на најавите на…
Пукано во автомобил во движење на патот…
На 06.11.2026 околу 22:40 часот, Е.Ј.(28) од…