Тетовец заработи кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување

t

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Р.А. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.

Како што соопшти МВР, пријавениот, поранешен вработен во Одделот за управни работи при МВР – Отсек за управни работи Тетово, на 01.10.2021, 04.10.2021 и 20.12.2021 година со намера да се стекне со противправна имотна корист ја искористил својата шифра за влез во системот, внел податоци во обрасците, изготвил сообраќајна дозвола и извршил промена на регистарските таблички на патничко моторно возило „цитроен“ без притоа да ја обезбеди потребната документација, што е спротивно на законските одредби.

При вршењето на проверките било утврдено дека досиејата од првата и втората регистрација на возилото не се пронајдени, односно дека пријавениот ги изгубил. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…

Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…

Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…

Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…

Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…

Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…

Маж од Тетовско две години ѝ барал…

Маж од Тетовско две одини ја уценувал…

Му побарале уплата на шалтер, тој го…

Инцидент се случил во Клиничката болница во…