Тетовец измамен за 2500 евра
Вчера во 17.00 часот во Полициското одделение Групчин, 58-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од В.П. за сума од 153.577 денари.
Според пријавеното, на 18.01.2025 лицето му се јавило и го известило дека на неговата сметка има прилив од 17.000 долари и доколку сака да ги подигне треба да внесе пари.
Како што е пријавено, на 20.01.2025 на неговата сметка ги ставил парите, по што лицето повторно му се јавило и му ги побарало корисничкото име и лозинката од мобилната апликација. Исто така, според пријавеното, откако после тоа не можел да пристапи на апликацијата од банката бил известен дека нема никаков прилив и дека парите биле подигнати.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
При контрола во угостителски објект во Тетово,…
На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за…
Слепите лица во Тетово без инфраструктура –…
Ова е сликата и светот низ кои…
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…
Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…