Тетово побара помош од Скопје и Гостивар за гаснење на големиот пожар
Локалните власти во Тетово ги презеле сите мерки за гаснење на големиот пожар кој избувна утринава во поранешната фабрика Македонија Табак.
Побарана е асистенција и од противпожарните служби од Гостивар и Скопје, а поради загадување на воздухот, апелираат гражаните да останат дома, иако, како што велат, состојбата не е алармантна.
„Секторот за образование ги ослободи сите ученици, наставата е во прекин. Апел до сите граѓани да останат дома и доколку немаат итна работа да не излегуваат надвор. Не дека во моментов е критично, но да видиме како ќе се развива состојбата. Побаравме помош од Гостивар и од Скопје, тие се дојдени и заедно го гаснеме пожарот, а побарано е и да интервенира хеликоптер.“
Од информациитее што ги имаме од терен, ако што верлат од тетовската општина, нема повредени гражани во пожарот, но потврдија дека има задушени од густиот нчад.
На нив итно им е укажана лекарна помош и во моментов се во добра здравствена состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…
Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…