Тетовски дилери се противеле на апсење па удриле во полициско возило

t

Двајцата тетовци кои вчера биле приведени за пронајдена марихуана и за тоа што оштетиле полициско возило, попладнево добија мерка притвор. Според информациите од СВР Тетово, судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово им определил мерка притвор од 30 дена на А.Ј. и на С.К. на возраст од 27 и 23 години.

– Тие вчеравечер, околу 19 часот и 40 минути, биле лишени од слобода на локалниот пат Тетово – Ѓермо, откако им била пронајдена и одземена марихуана. Пред да бидат лишени од слобода, не запреле на знак даден од полициските службеници и со нивното возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, удриле и го оштетиле службеното возило на СВР Тетово, информираат од тетовската полиција.

Поради мерката притвор, двајцата осомничени тетовци ќе бидат спроведени во Казнено – поправната установа Затвор – Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…

Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…

Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…

Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…

Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…

Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…

Маж од Тетовско две години ѝ барал…

Маж од Тетовско две одини ја уценувал…

Му побарале уплата на шалтер, тој го…

Инцидент се случил во Клиничката болница во…