Тетовчани шеста година по ред имаат невообичаен вкус и мирис на водата, надлежните велат дека е безбедна

t

Шеста година по ред се повторува ситуацијата во есенскиот период водата во Тетово да добие невообичаен вкус и мирис, но, првичните анализи покажуваат дека е безбедна за пиење.

Оваа појава прв пат беше забележана во 2017 година, кога Центарот за јавно здравје утврди дека дека непријатниот мирис и вкус доаѓа од вегетацијата, осносно најмногу од лисјата од дрвјата што паѓаат во речните води месноста Лешница од каде се зема вода за новиот водоснабдителен систем.

–Првичните анализи се добри и водата е безбедна за пиење. Бактериолошки и хемиско-физички водата е исправна за пиење и сега. Ако на граѓаните не им е пријатна вака водата, да не ја употребуваат во наредните неколку дена. Искуството покажа од минатите години дека невообичаениот мирис и вкус по неколку дена дека ќе ги снема, објаснува д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје во Тетово.

Центарот секојдневно прави контрола на квалитетот на водата во градскиот водовод. Оваа појава минатите години се надминуваше и со засилено хлорирање.

-Во моментот тетовскиот водовод има околу 300 литри вода во секунда, од кои 200 од стариот и 100 литри од новиот водоснабдителен систем. Може да се исклучи новиот водоснабдителен систем, но ќе има недоволни количини на вода, смета д-р Давидовски.

Според неговите информации и во светската теорија и пракса, постојат вакви примери кога се користат површински води, како што е со новиот водоснабдителен систем кој зема вода од планинските реки. Озонирање или користење на јагленов филтер е можноста да се отстрани непријатниот мирис и вкус. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте…

Браќа и сестри, да не дозволиме разликите…

БРИТАНЦИТЕ НАСКОРО ЌЕ ДОЗНААТ ЗА ПОДГОТОВКИ ЗА…

Шефот на британската армија во обраќање пред…

Мицкоски: Од навредите кои Филипче ги упати…

 На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во…

Црно Море може да стане втора Ормуска…

Ситуацијата во Црното Море би можела да…

Путин ја откри следната цел на руската…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека следната…