Тешка сообраќајка кај Визбегово, неколку повредени
Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат–обиколница на Град Скопје, кај село Визбегово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот Ј.И. од село Глумово, скопско и патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот И.Н. од Скопје, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „пежо“, Ф.С.(46) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „пежо“ Б.К.(24) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум повредени во невремето во Скопје
Осум лица биле пренесени во скопските болници…
Докторка од Кочани предупредува: Дел од пациентите…
Докторка од кочанската болница предупреди дека дел…
Црвениот крст исплати 11,2 милиони денари на…
Црвениот крст на Македонија на 27 февруари…
Петтемина повредени во сообраќајката на патот Маврово-Гостивар…
Четворица од повредените се пренесени на скопските…
Сообраќајка на „Рузвелтова“ – повредени две жени,…
Во петокот, околу 10:30 часот, на крстосницата…