Тешка сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово, повредени седум лица

t

Седум лица, од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа околу полноќ се случила на автопатот Гостивар-Тетово, наспроти тетовско Горно Седларце.

Како што велат од МВР во несреќата учествувале товарно возило „там“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(56) од Велес и патничко возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од гостиварска Долна Бањица.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Ф. и сопатникот во неговото возило А.З. од Долна Бањица, додека возачот на товарното возило и неговите сопатници О.У., М.А., Е.У. и А.У., сите од велешко Јаболчиште, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, информира МВР.

По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека…

За 50% зголемен бројот на Австријци кои…

Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е…

Зголемени разлики, зачестени разговори – Блинкен на…

Соединетите Американски Држави и Кина се спротивставија…

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани…

Поради сериозноста на состојбата зголемено е присуството…

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денес во…