Тешка сообраќајка пред Вевчани, повредени се три лица
Три лица се повредени, од кои две се здобиле со тешки повреди во сообраќајна несреќа која вчера во 19.10 часот била пријавена во ОВР Струга.
Несреќата, информира МВР, се случила на крстосница од регионален пат Р1201 со регионален пат Р2240, пред село Вевчани.
-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(76) од с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше и патничко возило „смарт“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Ќ.(52) од с.Велешта, струшко, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Ќ. и неговата сопатничка Ф.Ќ.(46) од село Велешта, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Додека возачот Р.Р. се здобил со телесни повреди констатирани во Медицински центар Струга.
Извршен бил увид од ОВР Струга.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…