Тешка сообраќајна несреќа во битолско: Во верижен судир со запрежно возило тешко повредени малолетници
Вчера во 19.00 часот во Полициската станица Битола било пријавено дека на патот Битола-Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која учествувале запрежно возило управувано од 15 – годишник од Битола, патничко возило „опел астра”, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(50) од Битола и товарно возило „цитроен” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(60) од с.Беровци, прилепско.
Во несреќата малолетникот кој го управувал запрежното возило и неговиот малолетен сопатник се здобиле со тешки телесни повреди, додека другиот малолетен сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прекин на сообраќајот на патот Битола–Прилеп поради…
Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се…
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…