Тешка сообраќајна несреќа: Двајца загинаа при излетување на патничко возило во провалија на Галичица
Две лица се загинати при излетување на патничко возило во провалија на Галичица, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Регионалниот ЦУК Охрид, извести, во врска со паднатото возило на планина Галичица, дека прво била утврдена точната локација, на место викано „Превој“ на планината Галичица. Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“.
Според екипите што се на терен на местото на настанот има две починати лица на постара возраст. Екипа на МВР Охрид и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжија со извлекување на настраданите, а и на возилото од провалијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Нелегална сеча на Галичица: Фатен трактор со…
При теренска контрола извршена на 31 јануари…