Тешка сообраќајна несреќа на патот Тетово-Гостивар: Три лица се повредени

t

Три лица се повредени во сообраќајна незгода, што се случи вечерва околу 20 часот и 45 минути на автопатот Тетово – Гостивар, поради што до 21 часот и 10 минути движењето на возилата на овој патен правец беше во прекин.

Сообраќајката се случила кај клучката за село Камењане во Општина Боговиње.

– Вечерва во 20 и 45 минути, во СВР – Тетово пријавена е сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на клучката за тетовско Камењане, а во која учествувале две патнички моторни возила од кои едното со странски регистарски ознаки. Три лица, првично, се здобиле со повреди и пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информираа од Министерството за внатрешни работи.

По сообраќајката започна да се врши увид, а сообраќајот се одвива забавено. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…

Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…