Тешка сообраќајна несреќа на патот Ѓавато-Тополчани кај Могила
Вчеравечер во 20.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат Ѓавато – Тополчани, кај с.Могила, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(37) од с.Могила и патничко возило „опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(20) од с.Беранци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.С., а возачот Б.Н., В.С.(56) од с.Могила, сопатник во возилото „цитроен“, М.А.(32) и М.Б.(21), двајцата од с.Беранци, сопатници во возилото „опел вектра“, се здобиле се телесни повреди констатирани во болницата во Битола.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…