Тешко нас: Ковачевски не сака да шпекулира колкаво ќе биде поскапувањето на струјата

t

Во денешното гостување на Канал 5, директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски изјави дека поскапувањето на струјата од јануари ќе биде „благо“ и дека тој не сака да шпекулира со бројки.

-Кризната состојба се носи за полесно да се надминат предизвиците. Сега е потребна, да се подготвивме, за да можеме да ги примиме сите удари. Успешно како и минатата година. Уште од сега се знае дека ќе има поскапување од јануари. И не само кај нас. Јас сакам поскапувањето за граѓаните да биде најниско што е можно. Не можам да шпекулирам со бројки. Блок тарифите ја завршуваат работите, вели Ковачевски.

Според него, нема земја во Европа којашто не донела мерки за штедење, но тоа не значело дека не може да се произведе доволно енергија.

-Туку да можеме да зачуваме енергија за потешките месеци. Мора секој да штеди, почнувајќи од семејствата. За да имаме кога ќе ни биде попотребна. Ние никогаш не сме произведувале 100 отсто струја. Ние сега произведуваме 25 отсто плус од минатата година. Останатиот процес се набавува на слободниот пазар и таа струја е поскапа, додаде Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Британците предупредија на уште една тешка зима

Сметките за енергија се очекува нагло да…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…