Тимотеј: Актот на СПЦ е дел од процесот за добивање на официјален томос од Вселенската патријаршија

t

Владиката Тимотеј смета дека документот што денеска српскиот патријарх Порфириј му го врачи на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, е всушност акт со кој се потврдува написмено она што српскиот патријарх го соопшти во Скопје.

Тој во изјава за Сител телевизија вели дека ова е дел од процесот до конечно добивање на официјалниот Томос од Вселенскиот патријарх.

Сега почнува процесот. Тие се согласуваат и сега го даваат тоа во писмена форма. Ќе ги информираат сите православни цркви, и почнува процесот, рече владиката Тимотеј.

Српскиот патријарх Порфириј денеска му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан со кој се потврдува одлуката на СПЦ, која беше објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

Со овој чин на СПЦ се отвори и процесот за стекнување на Томос за автокефалност, кој двете сестрински цркви очекуваат да биде доделен од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

На денешната ариерејска литургија во Белград во Соборниот храм на Свети Архангел Михаил во Белград, служеа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот на МПЦ –ОА г.г. Стефан, со епископи од двете цркви.

Сега и Света Софија Охридска, врз кој се видливи сите наши лузни, ќе продолжи да биде храм на заедничките евхаристички радости да се напластува единството со сите православни цркви, порача поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан во беседата по заедничката архиерејска литургија во Белград.

Г.г Стефан денеска потенцираше дека процесот продолжува со посетата на Вселенската патријаршија, каде на Педесетница ќе има литургија со Вселенскиот патријарх, по што се надева дека и останатите православни цркви ќе ја прифатат автокефалноста на МПЦ-ОА.

Веруваме дека примерот на СПЦ кон нас ќе го подржат и останатите сестрински парвославни цркви, а Вие ваша светост направивте чекор со историско значење, како за за нашата МПЦ, така веруваме за целото православие, кажа архиепископот Стефан.

Поглаварот на МПЦ-ОА истакна дека со денешниот чин е потврдена реалноста за автокефалниот статус на возобневаната Охридска архиепископија како Македонска Православна Црква.

-Еве и денес додадовте нова радост, радост над сите радости, зошто за она што донеодамна разговаравме и договаравме, за она што нашиот Синод побара, а вашиот Собор архиерејски еднодушно се согласи и прифати, за Вие, ваша светост, на светата литургија во Свети Климентовиот храм во Скопје и го обзнанивте, за сето тоа денес во пишаниот документ во томосот да потврдивте, дека веќе е реалност афтокефалниот статус на возобневаната Охридска архиепископија како Македонска Православна Црква, истакна г.г. Стефан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Свети Григориј Двоеслов, папа…

Син на сенаторот Гордијан. И самиот потоа…

Денеска се празнува Свети Тарасиј, патријарх Цариградски

Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти…

Денеска се празнува Светиот апостол Онисим

Еден од седумдесетмината апостоли. Му беше роб…

Денеска се празнува Свети Кирил, учител словенски

Светиот рамноапостолен Кирил, учител словенски (до примањето…

Денеска се празнува Преподобен Мартинијан

Житието на овој светител е чудесно и…