Тинејџер од Белгија стана доктор по Квантна физика
На возраст од само 15 години, Белгиецот Лоран Симонс стана доктор по Квантна физика. Откако веќе завршил магистерски студии по Физика тинејџерот од Остенде неодамна успешно ја одбрани и својата докторска теза по Квантна физика, објави денеска белгиски „Фокус“.
Со само 11 години, Лоран веќе стекнал диплома по физика од Универзитетот во Антверпен, додека повеќето деца на негова возраст сè уште одат во основно училиште. Тој денес, според тамошните медиуми, е можеби најпознатото дете-генијалец во Белгија, а можеби и во светот, бидејќи го држи рекордот како најмладата личност што докторирала по овој предмет. Младиот Белгиец, исто така, тврди дека, и покрај неговиот многу збиен академски распоред, сè уште има време да се гледа со другарчињата на негова возраст и дека најмногу ги сака видеоигрите.
– Веројатно сум најмладата личност во светот кој станал доктор на науки, изјави Симонс за белгиските медиуми, додавајќи дека сонува да создаде „суперлуѓе“, работејќи на технолошки средства што би му помогнале на човечкото тело да го продолжи својот животен век.
Симонс – чудото од дете, останува амбициозен, бидејќи сега планира да ја посвети целата своја енергија на работа со својот татко, кој живее во Минхен, Германија, за да се стекне и со докторат по Медицина, со нагласка на вештачката интелигенција – област што не е поврзана со физиката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Белгија едно од 20 деца го…
Повеќе од еден од 20 ученици во…
650 луѓе евакуирани по најголемиот пожар во…
Белгија продолжува да се бори со најголемиот…
Трагедија во Белгија: повеќе жртви во пожар…
Повеќе лица загинаа, а голем број се…
Матурантката од Битола, Искра Нечаковска, освои сребрен…
Македонското знаме се развиори во Шведска на…
Белгија почна да произведува системи за откривање…
Белгија во соработка со австралиска компанија почна…
