Тинејџер со автомобил удрил во млада жена, со тешки повреди пренесена во Клинички центар
На 30.11.2024 година во 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Св.Климент Охридски“ во Скопје, патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(19) од Скопје удрило во пешакот А.О.(27) исто така од Скопје, информира МВР.
Во несреќата А.О. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје,, каде што е задржана на натамошно лекување.
За настанот бил известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
52-годишна жена запалила тревна површина со дрвја,…
51-годишна скопјанка била лишена од слобода под…
Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…
По зголемена појава на глодачи на неколку…
Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во…
И оваа учебна година Општина Центар продолжува…
Без струја делови од Карпош, Центар и…
Без електрична енергија денеска ќе останат делови…
За паркинг на второ возило во Центар…
Во услови кога бројот на возила во…