Објавено на:

Топлотниот бран однесе над 2.000 животи во Франција за само една недела

t

Француската министерка за здравство, Стефани Рис, денеска изјави дека за време на силниот топлотен бран што ја зафати земјата кон крајот на јуни биле регистрирани 2.025 дополнителни смртни случаи, предупредувајќи дека конечниот број на жртви би можел да биде уште поголем.

Според неа, станува збор за периодот од 22 до 28 јуни, кога Франција се соочи со врвот на екстремно високите температури.

Во исто време, Француската агенција за јавно здравје соопшти дека во текот на истата недела вкупната смртност во земјата се зголемила за речиси 30 проценти, додека во регионот на Париз порастот надминал 60 проценти, пренесува „Фигаро“.

Во најновиот извештај на Агенцијата се наведува дека смртноста е зголемена за 29,1 процент, што претставува 2.025 дополнителни смртни случаи во споредба со претходната недела. Истовремено, се посочува дека оваа бројка најверојатно не е конечна и дека реалниот број на жртви може да биде повисок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марин Ле Пен во комотно водство пред…

Кандидатката на крајнодесничарското Национално собирање (RN), Марин…

Кадиров повторно се заканува со освојување на…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…

Франција со сериозно предупредување до Европа: „Ова…

Генералната директорка на француската Генерална управа за…

Автомобил влета во луѓе на железничка станица…

Еден човек загина, а најмалку десет се…

Француски суд утврди дека радиоактивност е причина…

Француски суд за првпат го призна космичко…