Торнадо пустошеше низ Сицилија: Автомобили летале од патот, оштетено училиште со 273 деца
Силно торнадо денеска го погоди западниот дел на Сицилија, оставајќи зад себе оштетени куќи, превртени автомобили и најмалку 11 повредени во реонот на Марсала и Петрозино.
Невремето започнало како двоен воден вител над морето во близина на пристаништето во Марсала, по што стигнало до копното и се претворило во силно торнадо. Погодени биле Марсала, Петрозино и делови од Мазара дел Вало.
Еден од најсериозните инциденти се случил во Петрозино, каде торнадото погодило автомобил и го исфрлило во провалија. Двете лица во возилото биле извлечени и пренесени во болница.
Сериозно е оштетено и училиштето „Алчиде Де Гаспери“ во Марсала, во кое во моментот на невремето имало повеќе од 270 ученици. Дел од прозорците биле искршени, оштетен бил покривот и внатрешноста на објектот, а неколку деца се здобиле со полесни повреди.
Силниот ветер превртувал автомобили, корнел дрвја и електрични столбови и предизвикал голема материјална штета на куќи и други објекти. Пожарникарски и спасувачки екипи од повеќе делови на Сицилија се ангажирани на терен.
Шефот на sicилијанската Цивилна заштита, Салваторе Кочина, го опиша торнадото како невообичаено силно за регионот.
„Беше речиси како американско торнадо. Никој не памети нешто со толкави размери“, изјави Кочина.
Тој посочи дека уште во септември било предупредено на можноста од екстремни временски појави по исклучително жешкото лето и големото количество топлина акумулирано во морето.
Претседателот на регионот Сицилија, Ренато Шифани, најави итни финансиски средства за погодените области, додека временските предупредувања за дожд и невреме на островот остануваат во сила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американците ги избраа осумте најдобри места на…
Македонија се најде меѓу најатрактивните туристички дестинации…
Македонската берза ја стави Алта банка на…
Македонската берза денеска соопшти дека ја ставила…
Пезешкијан: Моџтаба Хамнеи ѝ даде на владата…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…
Мицкоски: Сакаме германските компании да ја препознаат…
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека остварил бизнис…
Драма на летот за Софија: Дојава за…
Патнички авион на авиокомпанијата „Виз ер“ (Wizz…