Тошковски: Полициската униформа носи тежина, но и огромна чест!
Полициската професија не е професија којашто завршува со истекот на работното време. Таа е животен избор, повик кој бара храброст кога е најтешко, смиреност кога сите други се вознемирени, чесност кога никој не ја гледа и човечност во секоја постапка. Ќе има денови кога ќе бидете први на местото на несреќата, први кога некој ќе побара помош, први кога ќе треба да застанете помеѓу опасноста и граѓаните. Токму затоа оваа униформа носи тежина, но и огромна чест.
Ова го порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на промовирањето на 496 нови полициски службеници од генерацијата 2025-2026 во Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово.
Според него, силната држава започнува со силни институции, а безбедноста е темелот врз којшто се гради економскиот развој, правната сигурност и квалитетот на животот на секој граѓанин.
– Денес, кога ќе ја положите свечената заклетва, прифатете ја како лична обврска пред себе, пред вашите семејства, пред вашите колеги и пред Македонија. Обврзете се дека секогаш ќе ги почитувате Уставот и законите, дека ќе водите бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, дека ќе ја штитите безбедноста на секој граѓанин без разлика на неговата етничка, верска, политичка или која било друга припадност и дека достојно ќе ја носите полициската униформа, подвлече Тошковски.
Тој потсети дека со стапувањето на функцијата заедно со соработниците отпочнале процес на темелна модернизација и јакнење на македонската полиција, меѓу кои ги наброја: новите полициски станици, современа опрема, нов возен парк, подобри услови за работа, дигитализација на услугите…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…