Тошковски: Правиме се за гасење на пожарот во неготинско

t

Активностите за гасење на пожарот во неготинско продолжуваат со засилено темпо. Денеска (14.07.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и градоначалниците на Кавадарци Митко Јанчев и Неготино Горан Стојанов беа на терен со цел кооординирање на активностите за побрзо совладување на огнот.

„Со здружени напори и координација меѓу сите релевантни институции, правиме сè што е во наша моќ за да го ставиме пожарот под контрола и да ја заштитиме безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Благодарност до сите вклучени во акцијата за нивната посветеност и професионализам“, истакна министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи останува посветено на својата мисија за заштита на безбедноста на граѓаните и поддршка на сите активности насочени кон справување со вакви непогоди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…