Тошковски: „Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година
Системот „Сејф сити“ треба да профункционира од 1 јануари 2026 година, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Тошковски рече дека за овој систем за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци да почне да работи, освен поставување техничка инфраструктура, треба да се усогласат низа закони. Формирана е работна група во која има експерти од различни области, претставници на повеќе институции и МВР, кои, според министерот, интензивно работат на решение.
-Што се констатираше досега? Неусогласеност на законите од аспект на нејасно дефинирање на Кривичен законик (КЗ) со Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата и Закон за прекршоци. Преклопување на дејствија на извршување. Значи, ние мораме да опфатиме измени и дополнување на КЗ за да разграничиме јасно што е кривично дело, а што е прекршок од аспект на безобѕирно управување со моторно возило, и мене ако ме прашате лично, да додадеме во рамки на дејствијата на безобѕирно управување со моторно возило и одземање на возачка дозвола, рече Тошковски.
Министерот додаде дека мора да се регулира доказната вредност на камерите.
-Од денешен аспект, управување со моторно возило од аспект на забрана кога се изрекува, на еден начин е дефинирано во Законот за безбедност, на сосема друг начин е регулирано во Законот за извршување санкции. Не е јасно од кога почнува да тече изречената забрана. И го знаат тоа луѓето, го знаат тоа македонските граѓани, оние барем коишто се казнети. Се упатуваат до Министерството, па им велат – не сега, не сме ја примиле итн. Тоа мораме да го решиме. Доказната вредност на камерите во рамки на Законот за прекршоци мора јасно да се дефинира за да можеме да ја употребуваме како доказ во рамки на судска постапка. Одговорност на сопственикот на возилото. Ако не тргнеме од правна претпоставка дека тој што го регистрирал возилото е одговорен, иако го дал на некој од неговата фамилија, за сторениот сообраќаен прекршок, ништо не сме сториле, рече Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…
Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…
Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…