Трагедија во Истанбул: Се урнаа три ката од седумкатница, две лица загинаа
Најмалку две лица загинаа откако утрово делумно се урна седумкатна станбена зграда во истанбулската населба Малтепе, соопштија локалните власти. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по луѓе за кои се верува дека сè уште се под урнатините.
Урнати се долните три ката од објектот, вклучително и приземјето каде што имало деловен простор. Од под урнатините досега се спасени осум лица, меѓу кои и деца, додека жителите од деловите на зградата што останале стабилни биле евакуирани.
Инцидентот се случил околу 5:40 часот наутро во населбата Џевизли, на азиската страна на Истанбул. Причината за уривањето засега не е позната, а започната е истрага.
Спасувачката операција е отежната поради опасноста од дополнително уривање на зградата, поради што превентивно биле евакуирани и жители од соседните објекти.
Зградата била изградена во 1987 година, а според официјалните податоци во неа биле регистрирани 33 жители.
Дел од станарите за локалните медиуми изјавиле дека претходно се разговарало за санација на зградата, а некои тврделе дека почувствувале вибрации откако бил отворен деловен објект во приземјето. Овие тврдења засега не се потврдени како причина за уривањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп се подготвува за пораз, најавува помилувања…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е…
ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Приведени три лица
Три лица се лишени од слобода во…
ПРЕКИН НА СТРУЈАТА ВО ЦЕНТАРОТ НА ВАШИНГТОН:…
Прекини во снабдувањето со електрична енергија погодија…
Тројца малолетници претепани од група врсници во…
На 01.11.2026 во СВР Скопје 49-годишна жена…
Американците ги избраа осумте најдобри места на…
Македонија се најде меѓу најатрактивните туристички дестинации…